САД испраќаат 20.000 војници во Европа

151

Американската војска соопшти дека на почетокот на следната година подготвува огромна воена вежба во Европа во која ќе учествуваат 20.000 војници од САД.
Тоа е најголем број во последните 25 години.

Американската Европска команда нагласи дека маневрите „Бранител Европа 20″ ќе се одржат од април до мај 2020 година, како поддршка за целта на НАТО да „изгради подготвеност внатре во Алијансата и да ги одврати потенцијалните противници”.

Во вежбите се очекува учество на војници од 18 земји. Меѓу другите, ќе бидат и 9.000 Американци кои се веќе распоредени во Европа и 8.000 европски војници.