САД испраќаат специјален претставник во Приштина

54

Високиот надворешно политички претставник на САД, Дејвид Хејл ќе го посети Косово на 8 и 9 март, кога ќе се сретне со косовските лидери, потврди американската амбасада во Приштина.

Хејл, кој ја извршува функцијата потсекретар на САД за политички прашања, што е трета највисока функција  во Стејт департментот, ќе допатува во Приштина во момент кога дијалогот со Белград е во застој.

Според приштинските медиуми, САД се обидуваат да ги придвижат преговорите меѓу Косово и Србија во Брисел, кои се водат под покровителство на ЕУ.

Американскиот претседател Доналд Трамп го именува Хејл за потсекретар на 30 август минатата година.