САД сакаат да формираат меѓународна воена коалиција со која ќе ја обезбедат слободната пловидба околу Иран и Јемен, јави Би-Би-Си.

Американскиот генерал Џозеф Данфорд изјави дека дека сака „ да обезбеди слободна пловидба во регионот“ во кој се наоѓаат клучните трговски правци.

Минатиот месец САД го обвинија Иран за напади врз танкери во Оманскиот Залив.

Генералот на американските маринци, исто така, кажа дека САД разговараат со повеќе земји кои имаат „политичка волја“ да ги поддржат ваквите планови.

-САД можат да обезбедат командни бродови, рече тој, но целта е другите земји да дадат бродови и да воспостават патроли.

Генерал Данфорд рече дека САД „ ќе работат директно со војските за да ги идентификува специфичните можности“ на секоја од земјите во поддршка на иницијативата.

Ормушкиот теснец и Баб Ал-Мандаб се двете клучни стратешки локациии бидејќи го овозможуваат влезот од океанот во Персискиот залив и Црвеното море.

Генералот истакна дека силата на иницијативата ќе зависи од бројот на земјите кои ќе одлучат да учествуваат во коалицијата.

-Со мал број соработници можеме да имаме и мала мисија, рече тој.

Секојдневно низ Баб ал-Мандаб минуваат речиси четири милиони барели нафта