САД го одложија Самитот на АСЕАН поради коронавирусот

40

САД го одложија самиот на Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија (АСЕАН) што требаше да се оддржи на 14 март во Лас Вегас, заради појавата на епидемијата на коронавирус, јавија британските медиуми, повикувајќи се на два извора од американската администрација.

Претседателот Доналд Трамп ги повика лидерите на 10-те земји членки на АСЕАН на самит во Лас Вегас, бидејќи самиот не присуствуваше на претходниот, во ноември, во Бангкок.

Британските медиуми наведуваат дека Стејт департментот не одговори на повикот да ја искоментира оваа вест.

Одлуката била донесена во момент на засилени стравувања дека коронавирусот може да се прошири низ САД.

Амриканскиот државен секретар Мајк Помпео во понеделникот изјави дека продолжуваат подготовките за самитот, и покрај епидемијата на корнавирусот./МИА