САД ги интересира дали СЈО може да се реши до септември

81
Новата амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнс на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери прашала дали има шанса Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира статусот на СЈО, да се изгласа до 15 септември. откри собранискиот спикер на брифинг со новинарите.

„Амбасадорката праша дали може до 15 септември да помине Законот. Јас кажав, не до 15, туку до крајот на август може да помине. Ако денеска го добијам предлог-законот може на 29 или 30 јули да помине во прво читање.“, изјави спикерот Џафери на брифингот со новинарите.