Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, најверојатно нема да може да смета на тандемот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, на претстојните Олимписки игри во Токио. Според „Атлетик“, двајцата кошаркари одлучиле да не учествуваат во најголемиот спортски настан во светот, поради повредите што ги мачеа во текот на сезоната.

Леброн одигра 45 од 72 натпревари во лигата поради проблем со зглобот, додека Дејвис забележа само 36 настапи.

Под знак прашалник е и настапот на бекот на Голден стејт, Стеф Кари, додека одличниот дефанзивец на Портланд, Дамијан Лилард покажа голем интерес да игра за САД на Олимписките игри во Токио.

Инаку, Леброн исто така реши да го промени бројот на дресот за следната сезона во Лејкерс. Тој повеќе нема да го носи бројот 23, кој го носеше и во Кливленд, а за наредната сезона на неговиот грб ќе стои бројот 6. Шестката ја носеше во Мајами, тим со кој освои две шампионски титули.