САД бараат Кина да одобри слободен пристап на истражувачите на СЗО

23

САД бараат Кина да дозволи истражувачки тим на Светската здравствена организација (СЗО) да има контакти во Вухан со „медицински работници, поранешни пациенти и лабораториски персонал“, како и пристап до медицински податоци и примероци.

Официјалниот претставник на Министерството за здравство на САД, Герет Григсби пред Извршниот одбор на СЗО рече дека Кина треба да обезбеди научна студија со податоци за примероци од животни, луѓе и животна средина собрани во Вухан, каде што се верува дека избувна епидемијата на коронавирус.

На Извршниот одбор на СЗО се обрати и претставник на Кина, кој рече дека политичкиот притисок мора да престане, бидејќи истражувањето за природата на вирусот е научна задача што бара координација и соработка.