Сабота е, направете лесен и вкусен ручек – солени палачинки

146
Сакате да го искористите убавиот ден и да прошетате на пријатните пролетни температури во зима и да поминете подолго време на сонце. Ви предлагаме како подготовката на ручекот да не ви одземе многу време, а оброкот да биде лесен и вксуен.

Ништо полесно, направете солени палачинки и целото семејство ќе биде задоволно.

Изматете две до три јајца за палачинките, и додадете 200 грама обично брашно, 400 милилитри млеко и малку сол. Овој пат не додавајте шеќер или кора од лимон.

Состојки: 

  • 200 гр шунка
  • 200 гр тврдо сирење по желба
  • оригано
  • неколку лажици доматно пире, пасирани домати или пелати од конзерва

Подготовка:

Испечените палачинки наполнете ги со рендано сирење и шунка и зачинете. Свиткајте го долниот и горниот дел од секоја палачинка навнатре за состојките да не излегуваат надвор.

Подгответе огноотпорен сад и премачкајте го со путер, па наредете ги палачинките во него. Посипете ги со малку крем за готвење и ако ви преостане рендано сирење, посипете ги преку палачинките.

Печете 10 – 15 минути на 200 степени и вашиот ручек е подготвен!

Уживајте во вкусот!