РФМ ја исплати наградата на машката кадетска репрезентација за учеството на шампионатот во Рига

28

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб.

Премијата е заслужена со освоено прво место на ЕХФ Шампионатот М18 во Рига, Летонија, како и за обезбедување пласман на М20 Европското првенство 2024, како и  обезбедено учество на Светското првенство следната година во Хрватска за ракометари до 19 години.

ФОТО: РФМ