Рушка Јакиќ за помладиот вереник: Ќе ми купи стан во Белград на вода

352

Авторката и водителка на култното шоу „Љубов и мода“, Рушка Јакиќ ја шокираше јавноста со нејзината одлука дека ќе застане на лудиот камен со многу помлад избраник во деветтата деценија од нејзиниот живот.

Рушка сега зборуваше за нејзината врска со нејзиниот партнер и откри дека, бидејќи таа не сака да живее во Фиренца, од идниот сопруг ќе добие стан во Белград на вода.

– Тој сака да направи огромна венчавка oд 1.000 луѓе, но сега е корона… Јас  не сакам да живеам во Фиренца, затоа тој ќе ми купи стан во Белград на вода. Секогаш бев со оној што го сакав, со сопрузите додека ги сакав. За мене љубовта е двигател на сè. Имам и прстен.

Нејзиниот иден сопруг е многу помлад, а водителката не крие дека таквите мажи отсекогаш биле нејзин избор.

– Мојата теорија е: Младите мажи се како киви, зелени, полни со витамини и освежувачки. Се облекувам во бутик за тинејџери и сега некој да оди покрај мене со  бастум… додаде Рушка.