Мусаката е традиционално македонско јадење и се подготвува од компири и мелено месо, со додатоци на вкусни зачини. Нималку не се непознати комбинациите со модар патлиџан, или мусака со тиквици, кои се подеднакво вкусни како и класичната верзија со компир.

На толку варијации на тема „рецепт за мусака“, предлагаме да пробате и една поинаква верзија, со тестенини и бешамел сос.

Ова се потребните состојки:

  • 350 гр мелено јунешко месо
  • 150 гр мелено свинско месо
  • 400 гр тестенини (макарони или спирали)
  • 400 гр пире од домати
  • 1 главица кромид
  • сол, бибер, пармезан

За бешамел:

  • 60 гр путер
  • 60 гр брашни
  • 700 мл млеко
  • морско оревче
  • сол, бибер

Подготовка:

Ставете ги тестенините да се варат и извадете ги минута или две пред да омекнат. Пропржете го исецканиот кромид и додадете го меленото месо, па солта и биберот и мешајте го местото додерка не се испржи.

Додадете го пирето од домати, а потоа динстајте уште 20 минути.

За бешамел сосот стопете го путерот на тава, а во него додадете го брашното и пржете кратко, малку да пожолте, но внимавајте да не загори (правете го тоа на тивок оган). Потоа додадете топло млеко, мешајќи со жица, стевете сол и бибер како и малку морско оревче и оставете да се излади.

Премачкајте ја тавата за печење со масло, а потоа наредете го првиот ред тестенини, додадете мелено месо, неколку лажици бешамел и повторете го процесот со тестенините и бешамел. На крајот посипете со пармезан.

Печете на 200 степени околу 30 минути и оставете да се излади 15 минути пред да служите.

Пријатен вкус!