Руското МНР проширува листа на забрани за влез за лица од ЕУ

31

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири својата листа на личности од ЕУ на кои им е забранет влез во државата, како одговор на санкциите воведени кон Москва поради нејзините воени дејствија во Украина.

„Ограничувањата се однесуваат на највисокото раководство на Европската унија, вклучувајќи голем број европски комесари и шефови на воени структури на ЕУ, како и огромното мнозинство членови на Европскиот парламент кои промовираат антируска политика“, се вели во соопштението на Министерството.