Русковска: Никој не оспорува дека зад упадот во Собранието на 27 април стои Груевски

38

Се уште стојам зад изјавата дека позади организираниот упад во Собранието на 27 април 2017 година стои поранешниот премиер Никола Груевски, изјави шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција Вилма Русковска  во вечерашното гостување во „Трилинг“ на телевизија 24.

– За упадот никој не ја оспорува таа изјава, според законот кој има сила за кривична постапка, не може да му се поднесе обвинение доколку не е испитан во истрагата. Истрагата за него е прекратена, не е запрена, се додека тој не биде достапен на органите, изјави Русковска.

Во однос на бегството на Груевски во Унгарија, Русковска истакна дека има информации за целиот настан, но нема докази.

– Обвинителството има информации, ама нема докази. За да се покрене обвинение за кого било, Обвинителството мора да достави докази пред Судот, додаде Русковска.

Во врска со случајот „Монструм“, Рускоска изјави дека „не е многу запознаена“ и не може да каже детали за предметот, ниту пак да изнесува свое мислење.

Но, кога ја укинаа пресудата и кога разговарав со луѓето од тогашното УБК и полицијата, тврдеа дека тие се тие луѓе кои го сториле тоа кривично дело и дека има доволно докази, нагласи Русковска.

Според неа, високата стапка на корупција во земјава е поради отфрлање на работата на дел од институциите надлежни за справување со овој проблем. Таа смета дека процесот на прочистувањето треба да се прошири и со него треба бидат опфатени и други институции покрај судството и обвинителството.

Извор:МИА