Словенечкото МНР потврди дека уапсените странски државјани шпионирале за Русија, им се заканува 8-годишна затворска казна

147

Министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани обвинети за шпионажа се припадници на руската разузнавачка служба.

Фајон изјави дека во декември биле уапсени двајца странски државјани, кои биле осомничени дека дејствувале против националните интереси на Словенија.

Тие се членови на руската разузнавачка служба“, изјави Фајон за РТВ Словенија.

Таа повтори дека се уште не го поканила рускиот амбасадор во Словенија во Министерството за надворешни работи.

Обвинителството во понеделникот потврди дека Националната истражна канцеларија, врз основа на податоците на Словенечката агенција за разузнавање и безбедност (Сова), во декември привела двајца странски државјани обвинети за шпионирање за Русија.

Судот им одреди притвор и им се заканува казна затвор до осум години.

Словенечките медиуми јавуваат дека се работи за маж и жена и дека имаат аргентинско државјанство.

Во населбата Чрнуче, во северниот дел на Љубљана, жена и маж изнајмиле куќа од брачна двојка од јужниот дел на словенечката престолнина.

Сопственикот не сакал да зборува пред камерите на РТВ Словенија, но во телефонски разговор рекол дека со парот се сретнал лично и дека немал никакви проблеми со нив, додавајќи дека за сите детали разговарал со полицијата.