Илјадници Руси на друштвените мрежи се во мисија за одбрана на честа на својата сонародничка Ирина Шајк.

Имено, обожавателите на преубавата руска манекенка го нападнаа Инстаграм профилот на Леди Гага со коментари со кои ја убедуваат пејачката да и го врати Бредли на Ирина.

Илјадници иилјадници коментари, главно на кирилица, се испишани од Руси разочарани што пропадна врската на нивната миленичка, а за тоа ја обивинуваат Леди Гага.

Славната пејачка главно ја тролаат жени, кои сметаат дека Ирина е понижената во оваа ситуација.

„Го вративме Крим, и Бредли ќе го вратиме“ е еден од коментарите.