Руската рок група „Землјане“ промовираше плагијат на големиот хит на нашиот Тоше Проески песната „Боже чувај ја од зло“.

Да биде гневот кај обожавателите на Тоше поголем, истите ја претставиле песната како свое авторско дело. Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на февруари годинава.

Наводно автор на музиката е Владимир Трушин, а пак, под текстот, кој е само преведен и адаптиран на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.