Руски научници создадоа билки што светат во мрак
Светлечки декоративни растенија, што силно светат во мрак во текот на целиот животен циклус создадоа руските научници. Истражувањата се спроведени на два вида тутун, во чии гени е додадена ДНК на биолуминисцентни печурки. Проектот ќе има применаи во други области, а не само во науката, сметаат научниците. Според прогнозите на авторите на проектот, продажбата на билките што светат како декорација, ќе почне за две години. Извор: Russia Beyond