Руски војници имаат радијациска болест? Озрачени во Чернобил, копале ровови во Црвената шума

346

„Рововите се ископани во Црвената шума? Сега живејте со тоа до крајот на својот краток живот“, напиша тој на социјалната мрежа. Како што истакна, има правила за престој на овој простор.

„Радијацијата е физика, работи без оглед на статусот или оклопот. Со минимална интелигенција во командата или меѓу армијата, овие последици можеа да се избегнат“, додаде тој.

Агенцијата АФП, повикувајќи се на американски извори, пишува дека руските сили почнале да се повлекуваат и да се оддалечуваат од централата во Чернобил и да се селат во Белорусија. Мислиме дека си заминуваат, не можам да ви кажам дека сите ги нема“, рекол американски функционер.

Британските медиуми потсетуваат дека работниците во понеделникот за „Ројтерс“ изјавиле дека војниците во оклопни возила, без радијациска заштита, поминале низ отровната зона наречена Црвена шума подигнувајќи радиоактивна прашина. Инаку, Црвената шума го носи тоа име бидејќи врвовите на боровите околу нуклеарната централа светеле црвено од радијацијата што ја апсорбирале по катастрофата во Чернобил.

Подоцна беа отстранети контаминираните дрвја, но е земено и одгледано семе за да се види ефектот на зрачењето врз нив. „Гардијан“ пишува дека научниците од истражувачкиот центар во Чернобил покажале бизарни мутации.

Тие процениле дека областа нема да биде безбедна дури 24.000 години. Пред војната тие можеа да ја посетат областа околу контаминираната област само со дозвола и официјални туристички водичи, кои знаеја каде може да одат.

САД вчера објавија дека руските сили почнале да се повлекуваат од нуклеарната централа во Чернобил. Според тоа, сè уште има многу контаминирани и ограничени области. „Гардијан“ пишува дека е можно руските војници да не знаеле за опасноста.