Поранешната двојна руска шампионка во кик-бокс Лилија Ворогушина и помалку познатиот боксер Михаил Стартсев, под дејство на алкохол учествувале во трагедија која се случила во рускиот град Барнаул.

Кикбоксерката и боксерот се спречкале со човек кој имал некаков стап во раката.

Еден од сведоците Павел Похлов, влегол да го раздвојува Стартсев од човекот. Потоа Павел се свртел и ја удрил кикбоксерката, па Стартсев му вратил со удар од зад грб, по што тој паднал и удрил со главата во бетонот по што починал.

Сето тоа е снимено, па на полицијата ќе им биде полесно да го расветлат случајот. Лилија и Михаил ги чека затворска казна.