Руски богаташ се одрекува од државјанството

108

Милијардерот Олег Тинков, основа на онлајн банката Тинкоф,изјави дека се одрекува од руското државјанство поради судирот во Украина, кој жестоко го критикуваше.

„Донесов одлика да се одречам од руското државјанство. Не можам и не сакам да бидам поврзан со фашистичка земја која започна војна со својот мирен сосед и која секојдневно убива луѓе“, напиша Тинков на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oleg Tinkov (@olegtinkov)

 

Милијардерот изрази надеж дека и други истакнати руски бизнисмени ќе го следат неговиот пример, за да го ослабат „режимот на претседателот Владимир Путин и неговата економија“, и на крајот да го поразиме.

Тинков во пораката постави и фотографија од потврдата на рускиот конзулат со кој се потврдува дека веќе нема руско државјанство.

„Ја мразам Путиновата Русија, но ги сакам сите Руси кои јасно се изјаснуваат против оваа луда војна.“

Неговата банка, која постигна успех, наведе во 2020 година дека е трета банка по големина во Русија по Сбербанка и ВТБ. Банката додаде дека има околку 20 милиони клиенти.

Милијардерот беше уапсен во 2020 година во Лондон на барање на САД, кои го обвинија дека затајува данок. Подоцна беше пуштен со кауција на лечење во Лондон од леукемија.

Бизнисменот го напушти местото на генерален директор на банката Тинкоф 2020 годиан откако банката сакаше да се огради од неговите изјави против руската инвазија на Украина.