Амбасадорот Келин смета дека приемот на Украина и Грузија во НАТО нема да помогне за безбедноста во Европа, напротив, може да создаде ризик од војна

НАТО го охрабрува агресивното однесување на Украина кон Русија, изјави рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин. „Гледаме како НАТО ја охрабрува Украина да биде поагресивна.Тоа не ни се допаѓа“, рече Келин во интервју за Скај Њуз.

Тој потсети дека слична ситуација беше и во 2008 година, кога НАТО вети дека ќе ја прими Грузија, а својата агресија ја насочи кон Јужна Осетија и Абхазија, пренесува Спутник.рс.

Според Келин, секоја земја има право да донесува одлуки за пристапување во Алијансата во согласност со своите интереси.

„Меѓутоа, во исто време, секоја држава треба да ги земе предвид интересите на соседите, историјата, економската состојба и да ги земе предвид сите фактори, а не само еден“, нагласи амбасадорот.

Келин смета дека приемот на Украина и Грузија во НАТО нема да помогне за безбедноста во Европа, напротив, може да создаде ризик од војна.

Амбасадорот обрна вниманието на низата агресивни чекори преземени од НАТО во близина на границите на Русија. Меѓу другото, на воените вежби во Црното Море, на зголемувањето на воениот контингент во Полска како и на појавата на воената инфраструктура во Источна Европа.

„Тоа е опасно е за нас, постои ризик од избивање на вистинска војна, затоа мора да дејствуваме. „Ние спроведуваме воени вежби,  а трупите се подготвени да одговорат на секоја закана“, рече тој.

Според него, Русија сака договор за „принципи на соживот“ со НАТО за да се стабилизира ситуацијата во Европа, што ќе биде ставено на хартија и нема да зависи од ставот на конкретна претседателска администрација во САД.

Говорејќи за приемот на Русија во НАТО, тој посочи дека тоа никогаш не било реално.

Што се однесува до претстојната седница на Советот Русија-НАТО, амбасадорот рече дека најлош резултат може да биде повторувањето на ставовите на другите членки на НАТО, како што се случува во последно време.

Амбасадорот уште еднаш посочи дека Москва нема намера да изврши инвазија на територијата на Украина.