Руските туристи во Финска ги пречекуваат со украинска химна

170

Многу луѓе со години доаѓаат во градот Иматра на истокот на Финска и го посетуваат мостот со поглед на брзаците Иматранкоски, една од најпознатите природни атракции на оваа нордиска земја.

Овде секој ден во исто време се отвора речиси столетната брана на реката, а под мостот надоаѓа вода проследено со звук на музиката на финскиот композитор Жан Сибелиус. Тоа е популарна дестинација посебно за руските туристи. Дури и руската царица Катарина Велика во 1772 година го посетила Иматранкоски.

Но, од крајот на мај градот Иматра во знак на протест против руската инвазија на Украина организира настани кои почнуваат со интонирање на украинската национална химна. Финска, која со Русија ја дели источната граница долга 1.300 километри, во исто време се подготвува и да го ограничи издавањето на туристички визи за Русите.

„Ова е лошо за Русите кои ја сакаат Финска, но ја разбираме финската Влада“ – вели за АФП, Марк Косих 44-годишен руски турист кој со семејството дошол да ја види финската природна атракција. Тој истакнува дека многу Руси се против војната.

„Не се сите Руси за Путин. Владата и сите друго мора да го разберат тоа“ вели Косих.

Поддршка за Украина има и во блискиот град Лапенранте каде секоја вечер во близина на градското собрание се интонира украинската химна. Тоа е во близина на трговските центри кои се популарни меѓу руските туристи.

„Целта на сето ова е да се изрази силна поддршка за Украина и да се осудат војната и агресијата“ – вели за АФП, гардоначалникот на Лапенранте, Кимо Јарва.

Многу руски туристи го посетуваат Лапенранте и таму купуваат облека, козметички и хигиенски производи, за што сведочат бројните автомобили со руски регистерски таблички.

Но, туристичките посети на источните соседи во Финска се повеќе предизвикува незадоволство кај домашните жители поради војната во украина.

Анкетата која ја спроведе Финската јавна телевизија минатата недела покажува дека дури 58 проценти од Финците се за рестрикции во издавњето на туристички визи за Русите.