Руските пранкстери Вован и Лексус успеаа да го убедат гувернерот на Алјаска, Мајк Данливиј, дека Русија има намера да го анектира тој полуостров, односно да си го врати назад.

Пранкстерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, на американскиот политичар му се претставиле како поранешниот украински премиер Владимир Гројсман. Исто така, му се јавувале и како украинскиот амбасадор во САД, Валериј Чалиј.

За време на разговорот успеале да го убедат гувернерот дека Москва и Вашингтон “спроведуваат кампања” во која се вклучил и популарниот рапер 50 Сент. Тој, наводно, пеел песни во кои бара Алјаска да се припои на Русија.