Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Алексеј Швед, се обврза на лојалност кон Химки до 2023 година, потврди рускиот клуб.

  • Швед останува во Химки! Најдобриот руски кошаркар потпиша нов тригодишен договор со клубот, се наведува во соопштението.

Во претходниот период се појавија гласини дека 31-годишниот бек ќе го напушти московскиот регион, но двете страни сепак постигнале договор. Швед е играч на Химки од 2015 година, кога пристигна од Њујорк.

Минатата сезона тој во просек бележеше по 21 поен и 6 асистенции во Евролигата и 22 поени и 9 асистенции во ВТБ лигата.