По богатата кариера во рингот и во октагонот, Фјодор Емелианенко, сега води битка со коронавирусот, од кој неодамна почина неговиот тренер Владимир Михајловиќ Воронов.

„Последниот император“ – како што го нарекуваат во Русија, или „Руска мечка“, „Руски император“ – како што почесто се користи во западниот дел на светот, остана без Воронов во 2020 година поради коронавирус САРС-КоВ-2, а сега и Фјодор е пренесен во болницата од истата причина.

Кога јавноста дозна дека тој мора да биде хоспитализиран, се обрати преку Инстаграм.

  • Благодарам на сите кои искрено се прашуваа како е моето здравје. Сега се чувствувам подобро, ситуацијата се подобрува. Благодарен сум им на лекарите и на медицинските работници за нивната воопшто не лесна работа, истакна легендарниот борец.

Инаку, Емелианенко имаше 46 борби во својата професионална ММА кариера, од кои гдоби дури 39 во своја корист.

Според руски „Спорт експрес“, во август 2020 година 55-годишниот Русин бил на уреди за одржување на животот дури седум дена, но ја изгубил битката со КОВИД-19.