Рускиот војник на кого му се суди за воено злосторство побара прошка од вдовицата на убиениот украински цивил

    94

    Првиот руски војник, на кого му се суди за воено злосторство во Украина, од почетокот на руската инвазија, денеска побара прошка од вдовицата на убиениот украински цивил, јави Би-би-си.

    – Но, разбирам дека нема да можете да ми простите, додаде 21-годишниот Вадим Шишимарин, кој може да добие казна доживотен затвор.

    Тој вчера се изјасни како „целосно“ виновен за убиството на невооружен, 62-годишен човек. Судењето во Киев вчера беше прекинато бидејќи во судницата не можеа да се сместат 150 новинари, кои се појавија за да го следат случајот, јави Си-Ен-Ен.

    Тројца судии денеска ќе го слушнат сведочењето на Шишимарин, како и тоа на сопругата на жртвата. Двајца сведоци ќе бидат повикани од страна на Обвинителството, вклучувајќи и уште еден руски војник, кој бил во истото возило со обвинетиот, кога тој пукал.

    Кремљ во текот на вчерашниот ден соопшти дека нема информации за случајот.