Руска Сбербанк меѓу 30 најголеми банки во светот

49

Руска Сбербанк го зазеде 27-то место на списокот на британскиот магазин „The Banker“ и стана единствената руска банка која влезе во триесетте најголеми банки во светот.

Сбербанк исто така ја задржа водечката позиција кај банките од Централна и Источна Европа.

Кинеските банки се на врвот на новата глобална скала. Во првите 30 се 11 банки од Кина, шест од САД и една од Русија. Кинеската индустриска и комерцијална банка (Industrial & Commercial Bank of China) остана најголема во светот.

„The Banker“  веќе 50 години го објавува годишното рангирање на најдобрите 1.000 банки. Оваа година, експертите детално ја проучуваа состојбата на банките во 20-те водечки економии во светот, кога се соочија со појава на пандемија