Руска Дума: На украинските борци ќе им се суди на различни нивоа

382
Претседателот на Комитетот на руската Државна дума за меѓународни прашања, Леонид Слуцки, денеска изјави дека дејствијата на украинските борци во Мариупол и Краматорск ќе бидат предмет на судења на различни нивоа.
„Да, судовите ќе бидат задолжителни. Неприфатливо е да се простуваат такви работи за никогаш да не се повторат такви ситуации во историјата на човештвото“, рече Слуцки во разговор со шефот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин, пренесува РИА Новости.