Руската разузнавачка служба уапси финансиер на терористичката „Исламска држава”

122

Руската сојузна безбедносна служба (ФСБ) го приведе 26-годишниот Георгиј Гуев поради сомнение дека давал финансиска помош на терористичката „Исламска држава”.

– Осомничениот собирал финансиски средства и ја помагал ИД и Исраел Акнабиев, познат и како Абу Умар Саситлински. Поради криминалните активности на Гуев, во периодот од 2015 до 2019 година на ИД и е уплатено најмалку 50 милиони рубљи (687.850 евра). Тие пари ги користеле терористичките групи и со тие пари организирале терористички напади, изјави Светлана Петренко, портпарол на руската Истражна комисија.

За време на апсењето запленети се и неговите банкарски картички, лап-топот и мобилни телефони.
До крајот на истрагата Гуев ќе остане во притвор, по што против него ќе биде покренато обвинение.