Руската Дума одобри второ читање на законот за забрана на странските медиуми

39

Руската Дума го одобри второто читање на предлог-законот со кој се дозволува забрана за странски медиуми.

Предлогот мора да помине трето читање, по што треба да биде изгласан од горниот дом на парламентот, пред да биде потпишан од претседателот Владимир Путин.

Русија во изминатите месеци постојано се жалеше дека западните земји несоодветно ги забранија руските медиуми и не им даваа визи на нивните новинари.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека нацрт-законот, исто така, предвидува овластување на државниот обвинител да ја откаже регистрацијата на медиумите кои шират „незаконски, опасни, неверодостојни информации од јавно значење или информации кои покажуваат јасно непочитување на општеството, државата и уставот на Руската Федерација со цел да се дискредитира руската армија“.

Многу странски медиуми ја суспендираа или ограничија работата во Русија откако во март беше усвоен закон кој го карактеризираше известувањето како дискредитација на руската војска до 15 години затвор.

Од почетокот на нападот врз Украина, многу руски независни медиуми, како што се Радио Ехо Москва и Нова Газета, престанаа да работат.