Русија ќе издвои една милијарда евра за масовна вакцинација на населението

34

Се претпоставува дека вакцинацијата во Русија против Ковид-19 ќе ја чини оваа држава околу една милијарда евра, соопшти руското Министерство за финансии. – Во следните 12 месеци ќе се соочиме со нови трошоци кои не се предвидени во буџетот, посебно со вакцинацијата на населението.

Ресурсите за тоа се огромни, а трошоците би можеле да изнесуваат околу една милијарда евра. Се зависи како ќе се движи вакцинирањето и колку луѓе ќе бидат заинтересирани за имунизација. Се ќе биде бесплатно и на сметка на државата, изјави денеска минитерот за финансии Антон Силуанов. Русија до крајот на годинава ќе овозможи за граѓаните повеќе од еден милион вакцини Спутник V, а рускиот претседател Владимир Путин претходно наложи организирање на масовно вакцинирање против Ковид-19 во цела земја.

Извор:МИА