Русија ја стави мрежата на Навални на списокот на организации вмешани во тероризам

44

Руската државна агенција за финансиски надзор (Росфимониторинг) ја вклучи мрежата на регионални канцеларии на опозицискиот лидер Алексеј Навални на списокот на организации вклучени во „тероризам и екстремизам“.

Руските безбедносни служби денеска го затворија Иван Павлов, адвокатот кој ја брани фондацијата за борба против корупцијата „Алексеј Навални“, откако обвинителството реши да го гони за екстремизам.

На адвокатот му се заканува три месеци затвор доколку биде прогласен за виновен.

Павлов, кој е адвокат специјализиран за предавство, шпионажа и други чувствителни прашања, е обвинет за откривање тајни информации во врска со сегашната истрага, рече неговиот колега Евгениј Смирнов.

Навални издржува затворска казна од две и пол години во регионот Владимир поради кршење на условната казна.

Извор: МИА