Русија ја регистрираше првата вакцина против ковид -19

132

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина против вирусот корона во светот е регистрирана во Русија.

„Колку што знам, утрово за прв пат во светот беше регистрирана вакцина против вирусот корона“, рече Путин на денешниот состанокот со членовите на владата.

Претседателот на Русија истакнал дека знае оти вакцината работи доста ефикасно, се формира стабилен имунитет, вакцината и ги поминала сите потребни проверки. Путин исто така изјавил дека очекува масовно производство на руска вакцина против вирусот корона во блиска иднина.

Рускиот лидер им се заблагодари и на сите што работеа на првата вакцина и истакна дека тоа е многу важен чекор за целиот свет, пренесува „Спутник“. Тој дополнил дека вакцината ја тестирала и неговата ќерка.