Русија подготвила 16 протоколи за административни казни против Гугл

39

Руската радиодифузна агенција подготвила 16 протоколи за Гугл, бидејќи американскиот технолошки гигант не ги отстранил информациите што се забранети во Русија од почетокот на 2021 година, потврди заменик директорот на руското надзорно тело за медиуми, Вадим Суботин.

-Од почетокот на годината за Гугл се изготвени 16 протоколи за административни прекршоци. Ова е голема бројка. Планираме оваа недела да подготвиме протокол за казни врз основа на сообраќајот на Интернет. Ова е систематско кршење на руските закони, изјави Суботин за Тасс.

Казната може да биде од пет до десет проценти од годишниот приход на Гугл.

Русија е подготвена да ги казни и Фејсбук и Твитер за неуспехот да отстранат забранети содржини, изјави неименуван функционер во средината на септември.

Гугл досега на Русија и платил повеќе од 455.000 долари казни за небришење содржини што Москва ги смета за нелегални, соопшти американскиот технолошки гигант и рускиот регулатор.