Од Формула 1 пристигна информацијата дека календарот за тековната сезона ќе претрпи промени. Големата награда на Русија беше отстранета поради војната на оваа земја со Украина, а и покрај големиот интерес, нема да се бара заменска трка. Тоа значи дека најдобрите возачи ќе имаат 22 трки сезонава.

Паузата меѓу трките во Италија и Сингапур ќе трае три недели. Катар и Турција се споменуваа како потенцијални домаќини во празниот период од сезоната.