Русија негира дека на САД предлагала соработка на развој на вакцина против Ковид-19

20

Министерството за здравство на Русија негираше дека им предложиле на американските власти да соработуваат во развојот на вакцината против коронавирусот, изјави денеска помошникот министер за здравство Алексеј Кузњецов.

– Руското Министерство за здравство не се обрати до американската страна со ниту еден официјален предлог во врска со вакцината, рече Кузњецов во изјава за ТАСС.

Си Ен Ен претходно објави дека руските власти му понудиле на Вашингтон таква соработка и дека тие биле одбиени.