На фреквенцијата на ТВ Алфа започна емитувањето на ТВ-серијата “Исток – Запад“. Интересно за серијата е дека ова е првата серија што е снимена во турско-руска продукција, нешто што до пред некоја година беше незамисливо, да се направи некоја ваква соработка помеѓу Турците и Русите, од многу причини. Серијата е како успешна спојка помеѓу студената руска сибирска зима и топлата турска Анталија. Всушност, на тој начин се прераскажува една искрена љубов помеѓу Русинката Татјана и еден Турчин, кој по професија е доктор.

Таа откако добива понуда за работа во странство се сели за Истанбул и таму се вљубува во него, во згодниот доктор. Од тој момент започнуваат секакви интриги низ кои и двајцата поминуваат, а поради кои ТВ-гледачите ќе останат занемени покрај малите екрани. Серијата постигна навистина огромен успех во Русија и Турција. На ТВ Алфа веќе се емитува секој ден од понеделник до петок со почеток во 17:50 часот.   Д.М.