Русија им забрани влез во земјата на уште неколку европски лидери и воени компании

50

Русија денеска на неколку други лидери на Европската унија им забрани влез на нејзина територија, соопшти руската дипломатија, додавајќи дека одлуката е одговор на „апсурдната политика на еднострани ограничувања од страна на Брисел“.

Русија, меѓутоа, не откри за колку луѓе станува збор, ниту ги објави нивните имиња.

„Руската страна одлучи да ја прошири реципрочната листа на претставници од земјите-членки на ЕУ и институциите на кои им е забранет влез во Русија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.

Во соопштението се наведува дека Русија ја проширила црната листа за да вклучи некои европски приватни воени компании, некои членови на безбедносните служби, парламентарци од ЕУ и други функционери „лично одговорни за промовирање на антируска политика“.

Европската комисија се уште не го коментираше овој потег.

Нотата со руското Министерство за надворешни работи ја информира ЕУ за потегот е испратена до канцеларијата на ЕУ во Москва, во согласност со редовната процедура.