Русија заобиколила бугарски ограничувања, снабдувајќи ја Србија со воени производи преку цивилни летови

486

Во 2019 и 2020 година, Русија го искористила четири пати правото на дозвола дадена од министерот за одбрана на Бугарија во тоа време, по двапати годишно, со што не го надминала дозволениот број прелети.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, сите четири дозволи биле за руски воени авиони, кои требало да испорачаат оружје и специјална опрема на Србија.

– За воени авиони, министерот за одбрана дозволува минување низ и/ или престој на територијата на Република Бугарија од невоена природа до 3 авиони на странски вооружени сили потсети Министерството за одбрана за бугарските медиуми.

Во исто време, јасно е дека Русија најде начин да ги заобиколи ограничувањата на Бугарија и ѝ доставувала воени производи на Србија со цивилни летови. Во 2019 година Русија доби 10 дозволи од бугарските граѓански власти да прелетаат над Бугарија со свои „цивилни авиони што превезуваат товар со специјални и воени производи, со краен примател Република Србија“. Во 2020 година, бројот на издадени дозволи е 5, а во 2021 година 2. И во моментов, веќе втора недела Русија со цивилни летови од Анапа, кои летаат над Бугарија, ја снабдуваат Србија со руски авиони Миг-29.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, во последните две години Русија и испорача на Србија, летајќи над Бугарија, најмодерни противвоздушни ракетни системи, вклучувајќи ги С-400 и „Панцир“.

Извор: МИА