Русија: Бројот на жртвите во рудникот се искачи на 52

82

Вкупниот број на жртви во несреќата во рускиот рудник во Кузбас достигна 52, меѓу кои и шест спасувачи, изјави извор од службата за итни случаи.

„Според прелиминарните податоци, нема преживеани во несреќата во рудникот за јаглен.

„Загинаа 52 лица, меѓу кои и шест спасувачи“, изјави извор за агенцијата Тас.

Несреќата во рудникот за јаглен во регионот на Кемерово најверојатно е предизвикана од експлозија на метан, изјави претходно заменик-јавниот обвинител Дмитри Демешин.