Три километарски мост за патнички сообраќај преку сибирската река Лена би можел да биде завршен до 2025 година, но прво се чека од рускиот претседател Владимир Путин да даде позитивна оценка за проектот.

Како што пишува весникот „Комерсант“, со тоа сибирскиот град Јакутск ќе се најде на транспортната мапа, а мостот исто така ќе биде голема кратенка од источен Сибир до пристаништата во Охотското море.

Проектот претставува голем инженерски предизвик, затоа што мостот треба да се гради на трајно замрзната почва.

Буџетот за изградба на мостот е 1,3 милиони американски долари, а се планира преминот да биде бесплатен за автомобилите, додека камионите и автобусите ќе треба да плаќаат.