Русите организирано доаѓаат во Србија да се вакцинираат со Фајзер

188

Руските туристички агенции организираат аранжмани за нивните граѓани кои сакаат да примаат странски вакцини против корона вирус. Најголем број Руси доаѓаат во Србија за вакцинација и се одлучуваат за вакцината Фајзер, пренесува Ројтерс.

Русија досега нема регистрирано никаква странска вакцина против коронавирус за употреба. Затоа Русите имаат на располагање само четири домашни вакцини против коронавирус, вклучувајќи ја и Спутник V, од кои ниту една не е одобрена од Светската здравствена организација или Европската унија.

Светската здравствена организација го суспендираше процесот на одобрување на вакцината Спутник V до следната проверка на фабриката, која падна на тестот на добра пракса, објави Пан-американската здравствена организација на 15 септември.

По оваа вест, бројот на Руси кои сакаат да примаат странски вакцини одобрени од Светската здравствена организација е зголемен, изјави Маја Ломидзе, директорка на Асоцијацијата на руски тур-оператори.

Повеќето одат во Србија за вакцинација, а патувањето обично чини помеѓу 600 и 850 евра, додека една агенција исто така има понуди и за Германија како опција за вакцинација. Туристите кои доаѓаат во Србија можат да изберат една од четирите достапни вакцини, вклучувајќи ја и Фајзер, се наведува во соопштението на Асоцијацијата на тур-оператори.

Ако туристите изберат вакцина за која се потребни две дози, треба да платат за две патувања.

Ана Филатовскаја од туристичката агенција „Руски експрес“, која нуди вакви тури, вели дека туристите најчесто ја избираат вакцината „Фајзер“.

Таа објаснува дека пакет-аранжманите вклучуваат повратни летови, две до три ноќи со појадок во хотели во Белград, како и одење на вакцинација. Самата вакцина е бесплатна, но агенцијата ги пријавува клиентите за вакцинација, објаснува Филатовскаја.

„Почнавме да ги продаваме овие тури пред две недели и тогаш имаше околу 20 апликации“, рече таа за Ројтерс.