Рундек со предизвик-песна за одржување хигиена на рацете/видео

133

Музичарот Дарко Рундек се придружи на борбата против вирусот корона со видео порака во која изведува краток дел од својот голем хит „Раце“, пренесува РТС.

Рундек сам во придружба на својата гитара пее променети стихови наместо „и не се плаши од буката, тоа што свири се само раце“, сега гласи „тоа што го МИЈАМ тоа се раце“.

Рефренот трае 20 секунди, ама го потпевнувате во глава или на глас. Тоа е таман време што е потребно да се измијат убаво рацете, порача Дарко Рундек.

Музичарот е познат како еколошки ангажиран уметник, поддржува бројни акции против глобалното затоплување, се бори за зачувување на природата и за заштита на животните.