Рудигер е идеално решение

119

Раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, планираат во следните неколку дена да испратат официјална понуда за германскиот интернационалец од редовите на Челзи, Антонио Рудигер. Деталната анализа која била направена на „Енфилд“ покажала дека централниот дефанзивец на „сините“ може истовремено да биде идеална замена за Дејан Ловрен и идеален партнер на Вирџил ван Дајк. Неофицијално, „црвените“ се подготвени да одвојат околу 30 мил. фунти за неговото обештетување.