РОЈ КИН: Каде се Стерлинг и Грилиш?!

574

Аналитичарот на „Скај Спорт“, легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, упати остри критики кон репрезентативците на Англија, Рахим Стерлинг и Џек Грилиш, кои според него мораа да бидат дел од пенал-рулетот.

  • Ако сте Стерлинг или Грилиш, тогаш не може да му дозволите на едно дете (Сака) да шутира од белата точка пред вас, едноставно не можете. Станува збор за срамежливо 19-годишно дете, а тие двајца имаат далеку повеќе искуство. Стерлинг веќе има освоено неколку трофеи. Мораа да преземат одговорност, изјави Кин.