Кошаркарот на Детроит, Дерик Роуз, е казнет со 25.000 долари заради фрлање пенкало на трибините за време на натпревар со Њу Орлеанс.

При еден тајм-аут, Роуз зема од записничката маса едно пенкало и го фрли на трибините на спротивната страна.

Инцидентот не остана незабележан од службените лица, а НБА парично го казни 31-годишниот Американец.