Руската вселенска агенција „Роскосмос“ навдоно на Месечината ќе гради софистицирана база на нуклеарен погон и ќе нуди (издава) соби кои ќе бидат достапни на сите кои имаат доволно пари да платат сместување.

Повеќемилионскиот проект би требало да биде претставен за околу 9 години, ако се оди по планот. Под името Patron Moon овој проект ќе вреди 462 милиони долари.

Овој објект, или хотел, од 70 тони ќе може да прими до 50 богати луѓе, кои ќе посакаат да поминат некое време на Месечината, објави РИА Новости.

Лунарната база ќе биде поделена на три павилјони, а со струја ќе се снабдува од мала нуклеарна централа. Во првата фаза, целиот градежен материјал за изградба на базата ќе биде пратен на Месечината со супертешка ракета, кој го носи името на сибирската река Јенисеј.

За да го покрие трошоците за истражување и развој, агенцијата ќе ја понуди базата за изнајмување, но лоша вест е што цената ќе биде 10 до 30 милиони долари.

Базата ќе биде подготвена дури после 2028 година.