Кога природата ќе ви подари совршенство во вашиот изглед, на вас ви останува само да ја чувате и негувате. За тоа е свесна и сексапилната Колумбијка, Росана Кордоба, фитнес инструкторка која секојдневно на социјалните мрежи шири позитивна енергија и им дава корисни совети на своите следбеници.

Од анонимна убавица до личност за која зборува целиот свет, Росана стигна по потешкиот пат. Но нејзината насмевка не се симнува од лицето, адут со кој привлекува многу големо внимание кај посилниот пол и покрај тоа што има совршено тело.

Оваа убавица пред осум години од Колумбија да се пресели во САД, но навикнувањето на новиот живот не и одеше лесно. Се додека не пресече и одлучи да го покори светот. Магистер е по даночно право, но тоа не одеше со нејзината личност па му се посвети на вежбањето. Оваа убавица вежба секој ден и максимално ужива во тоа. Многу води сметка за исхранатаи здравјето, а главната цел и е да ги мотивира луѓето да водат здрав живот со вежбање и здрава исхрана.