Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо треба да потпише две и полгодишен договор со саудискиот клуб Ал Наср и ќе стане најплатен спортист во светски рамки, објави денеска шпанскиот весник Марка. Роналдо минатиот месец предвреме ја заврши соработката со Манчестер Јунајтед по интервју во кое го откри своето незадоволство во премиерлигашот и неговиот тренер Ерик тен Хаг. Според шпанскиот весник, 37-годишниот Роналдо ќе заработува близу 200 милиони евра по сезона, плус дополнителни премии, со што ќе стане најплатен спортист во светот.