Тренерот на англискиот премиер лигаш Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го сподели своето мислење за играта на напаѓачот Португалецот Кристијано Роналдо.

Не би бил изненаден ако Роналдо игра и на 40 години. Начинот на кој се грижи за себе е неверојатен. Се разбира, ова е прашање за гените, но тој ги вложи сите капки енергија и напор да стане играч каков што е, вели Солскјер. Триесет и шестгодишниот Португалец се приклучи на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Тој постигна четири гола на три натпревари за англискиот клуб, во тековната сезона.